Мегафон

Почина пионерот на рокенролот, Литл Ричард

Почина пионерот на рокенролот, Литл Ричард

Американскиот музичар Литл Ричард почина на 87 години, пишуваат странските медиуми.

Ричард Пениман, како што му е вистинското име, со години имал здравствени проблеми односно имал проблем со колковите, доживеал срцев и мозочен удар.

Неговиот син ја потврди веста за смрта на Ричард.

Авторот на хитовите “Good Golly Miss Molly” и “Tutti Frutti” често беше опишуван како инспирација и силно влијание од страна на некои од најголемите ѕвезди во историја на рок музиката, како Битлси, Елтон Џон и Елвис Присли.

фото: Профимедиа

Познатите личности преку социјалните мрежи се простуваат од Литл.

Актерката Виола Дејвис на Твитер напиша: „RIP Литл Ричард. Иноватор, музичар, изведувачот кој влијаше на уметноста…замина. Бевте прекрасни. Браво господине“.

Бет Мидлер напиша: „Литл Рилард беше гениј, чист, едноставен. Погледнете ги неговите настапи и ќе знаете на што мислам. Каква жалост. Господ нека те благослави“.

фото: гуливер/гети имагес

И Џин Симонс од групата „Kiss“ се потсети на средбата со Литл.

„Имав прилиак да го запознам во неговите повозрасни години и бев воодушевен од неговото присуство. Ми кажа – јас сум „архитект на рокенролот“, амин. Почивај во мир“.

Во текот на својата кариера, Литл Ричард, продал повеќе од 30 милиони плочи во целиот свет.

To top