Мегафон
фудбалот завиен во црно

Почина Пеле: Фудбалскиот свет остана без својот крал

Почина Пеле: Фудбалскиот свет остана без својот крал

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Пеле, почина на 82-годишна возраст, по тешка борба со болеста.

Веста за неговата смрт ја потврди BBC.

Последните моменти, Едсон Арантес до Наскименто ги поминал во болница со семејството.

На Пеле му беше дијагностициран рак на дебелото црево во септември 2021 година, а неодамна неговата состојба нагло се влоши.

Целиот свет го знаеше како КРАЛОТ НА ФУДБАЛОТ.

Пеле станал член на фудбалскиот клуб Сантос во 1956 година и го предводел тимот до светското клупско првенство во 1962-ра. Во 1969-та, за време на неговиот 909 натпревар, тој го постигнал својот 1.000 гол. Пеле ја комбинирал неговата сила за удар и прецизноста со извонредната способност да ги предвиди чекорите на другите играчи.

Во 1975-та година Пеле станал член на „Космос“ од Њујорк во Северноамериканската фудбалска лига (NASL). Тој се повлекол од фудбалот откако го однел тимот во лигашкото првенство во 1977-ма година. Во 1978-ма, Пеле ја добил меѓународната награда за мир, а во 1980-та бил прогласен за спортист на векот.