Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-години, пренесе „Дејли мејл“. О’Конор стана славна во деведесетите години, а за време на кариерата објави 10 студиски албуми.
Секогаш беше отворена за проблемите со менталното здравје, а на почетокот на месецов на „Фејсбук“ напиша дека се вратила во Лондон по пауза од 23 години и оти планира да го заврши нејзиниот нов албум и да го промовира на светска турнеја во наредните три години.
За потсетување нејзината смрт се случи 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.
Шејн почина минатата година, неколку дена откако беше пријавен за исчезнат, а Шинејд рече дека одлучил да ја прекине својата земна борба и побара никој да не го следи неговиот пример.