Мегафон

Почина Ники Лауда, легендата на Формула 1

Почина Ники Лауда, легендата на Формула 1

Во 71 година од животот почина легендата на Формула 1, Ники Лауда.

-Со длабока тага соопштуваме дека нашиот сакан Ники почина во понеделник во кругот на фамилијата. Неговото остварување како сопртист и бизнисмен ќе остане незаборавно. Тој е идол за сите нас, беше добар сопруг, татко и дедо и ќе ни недостасува, соопштило семејството на Лауда.

Инаку, Ники Лауда кој е роден на 22 февруари, 1949 година во Виена, заврши во болница поради наводни компликации со бубрезите, а се уште не е позната точната причина за смртта.

Тој во Формула 1 беше активен од 1971 до 1979, па од 1982 до 1985, а неговите успеси засекогаш ќе бидат запишани во историјата со златни букви. Тој има три титули, во 1975, 1977 и 1984 година. Возеше за неколку тима, а ќе се памети како единствен возач кој успеал да освои шампионски титули со Ферари и Мекларен, лутите ривали во Ф1.

Еден период Ники Лауда ја имаше и авиокомпанијата “Лауда ер“ која имаше авио линија од Скопје до Виена.

извор:курир.мк

To top