Мегафон тажна вест

Почина Невенка Кочовска – вокалниот солист на легендарната македонска група „Мањифико“

Почина Невенка Кочовска – вокалниот солист на легендарната македонска група „Мањифико“

Македонската актерка и пејачка Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук вчера попладне, 26. август 2022 г. објави дека нејзината мајка Невенка Кочовска, легендарната вокалистка на некогаш мегапопуларната македонска група која пееше мексикански и латиноамерикански мелодии – „Мањифико“, починала.

Тања во описот ставила само емотикон црно срце. Набрзо по објавата започнаа да пристигнуваат пораки со сочувство до семејството Кочовски за загубата.

Жената со волшебен  глас во последните години од својот живот боледуваше од Алцхајмероватра болест, а членовите на семејството ецело време беа покрај неа и во најтшеките мигови.  Нејзината ќерка Тања зборуваше отворено за состојбата на својата мајка и како се справуваат како семејство со нејзината здравствената состојба.

„Мањифико“ беа активни на сцената повеќе од 30 години. Во текот на нивното 31-годишното постоење, групата имала богата интернационална кариера и настапи во 37 земји низ светот, остварувајќи 3700 концерти, со учествуво и на 600 хуманитарни настапи и концерти.

Групата беше особено популарна во 1960-те и 1970-те години во некогашна Југославија, каде биле и едни од ретко избраните естрадни уметници кои му пееле на маршалот, доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Последниот настап го имаа 1990-та, на голем концерт на Градскиот стадион во Скопје, на кој се собираа средства за доградба на Соборниот храм. Нивниот последен јавен настап се случи пред пет години на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ кога „Мањифико“ доби награда за животно дело. Тогаш сите членови на семејството Кочовски, Невена, со сопругот Панче и ќерките Лидија и Тања Кочовски ја изведоа мексиканската песна „Мама Хуанита.

По повлекувањето од музичката сцена таа работеше како наставничка по музичко образование во ОУ „Лазо Трповски“ во Скопје.

Иако болеста ѝ напредувала, нејзиниот глас останал моќен. Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска неретко од удобноста на нивниот дом знаеше да сподели во јавноста прекрасен музички поздрав упатен преку социјалните мрежи во придружба на нејзините родители.

Редакцијата на Вистина.ком.мк упатува искрено и длабоко сочувство за загубата на семејството Кочовски.

Фото: Инстаграм и фејсбук принтскрин/ приватна архива

To top