Познатата српска актерка Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст, објави Телеграф.рс. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан, без знаци на живот и траги на насилство.
Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера. Во Македонија беше најпозната по улогата во филмот „Исправи се Делфина“. Во 2016 година Неда доживеа тешка несреќа, по која тогаш за среќа преживеа, паѓајќи од третиот кат на својот стан.
Неколку месеци по смртта на нејзиниот сопруг, Милорад Мештеровиќ, кон крајот на февруари минатата 2019 година таа се обиде да си го одземе животот откако испила поголема количина седативи. Но и тогаш за среќа беше пронајдена од нејзиниот брат кој влегол сос сила во нејзиниот стан откако не одговарала на телефонските повици. Во бесознание и тешка здравсртвена состојба Брзата помош ќе ја пренесе во Ургентниот центар во белград, каде лекарите ќе и го спасат животот.
Откако ќе закрепне и ќе се опорави, ќе почне одново да глуми, иако српските медиуми тврдат дека во последниот период, Арнериќ повторно била во благо депресивна состојба.