Српскиот актер, Власта Велисављевиќ почина денеска на 94 година возраст по компликации од коронавирус, јавува српскиот портал Ало.рс.
Тој бил хоспитализран пред околу една недела поради компликации од вирусот, а неофицијално неколку дена бил во вештачка кома.
Велисављевиќ публиката имала можност да го гледа во 350 улоги во театарот и на малите екрани. Минатото лето тој наполни 94 години и со тоа стана најстариот активен српски актер.