Мегафон

Почина Нада Кнежевиќ, „дамата на југословенскиот џез“

Почина Нада Кнежевиќ, „дамата на југословенскиот џез“

Една од најеминентните пејачки на џез музиката во Србија и поранешна Југославија, Нада Кнежевиќ, почина на 25 октомври во Белград на 84-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Кнежевиќ ќе биде погребана во Алејата на заслужните граѓани, а по нејзина желба, без комеморација и во кругот на најблиските членови на семејството.

Кариерата на Нада Кнежевиќ траеше 40 години, а нејзиното влијание врз генерациите изведувачи продолжува до ден-денес. Своето деби го има во 1956 година на концертот „Младите сили во областа на џезот“, а една година подоцна за првпат снима за програмата на Радио Белград.

Во 1959 година учествуваше на фестивалот „Опатија“, по што стана позната на широката публика. Наскоро композициите „Циганска ноќ“ и „Фатима“ станаа радиски хитови и ѝ донесоа голема популарност.

Веќе на почетокот на кариерата добива први награди на странски џез фестивали, а често настапувала и на домашни фестивали. иот микрофон.

Во времето на нејзината најголема слава, во 1962 година, таа замина во Западна Германија, каде што работеше нешто помалку од две години со ансамблот Хејзи Остервалд. Во скандинавските земји снимила двочасовна музичка програма за данско-шведско-норвешко радио.

Светот имаше многу слух за нејзината уметност на интерпретација, па магазинот Downbeat со суперлативи пишуваше за нејзините вокални способности, а џез-пијанистот Чик Корија ѝ понуди соработка.

Настапуваше во салата Алберт Фишер, на меѓународни џез-фестивали во Минхен, Атина и Истанбул, како и на џез-фестивалот во Њупорт и ќе остане запаметена како првата Европејка чие име беше внесено во светската енциклопедија на џезот.

Својот последен концерт наречен „Нада за Белград“ го одржа во 1995 година.