Мегафон тажна вест

Почина младата македонска фолкерка Андријана Андреевска

Почина младата македонска фолкерка Андријана Андреевска

Фолк пејачката Андријана Андреевска ја изгуби битката со ракот. Веста дека младата пејачка починала ја објавија нејзини колешки, а естрадата во неверување со простува со неа.

-Три години лавовски се бореше со лошата дијагноза, рак на белите дробови. Храбра жена, посветена мајка, човек со голема душа, раскажуваат нејзини колешки за „Фокус”.

Мајка на едно дете, живееше во Скопје, присутна на сцената речиси две децении, колегите ја опишуваат како скромна личност која никогаш не сакаше премногу да се експонира.

Настапуваше на голем број на фолк фестивали, како на пример Прилеп Фест, Охридски трубадури, Роса Фест, Филиграни и други.

To top