Мегафон тажна вест

Почина Мерима Његомир

Почина Мерима Његомир

Пејачката Мерима Његомир почина на 69 години по кратката битка со опасната болест.

Оваа информација за pink.rs ја потврди нејзината ќерка Љубица.

„Така е“, кратко рекла таа.

Пред неколку дена српските медиуми објавија дека пејачката не се чувствува добро.

-Мерима не се чувствува добро. Дозна дека е тешко болна и тоа ја уништи. Таа има тежок облик на рак. Последниот месец дена болна лежи во кревет и не станува од постелата. Ја посетуваат нејзините деца и носат намирници, го чистат станот. Најмалата ќерка се пресели кај неа  да биде тука кога ќе и треба нешто и да и биде поддршка во овие тешко моменти. Тешко и е да објаснува каква и е здравствената состојба, па избегнува да разговара со луѓето“ вели извор.

Мерима снимила повеќе од 25 албуми и испеала некои од безвременските хитови како „Иванови корита“, „Ружо моја“, „Због тебе“ и многу други.

Песната „Иванови корита“, која Мерима ја сними во 2001 година на крајно тивок и ненаметлив начин, стана голем хит, што е многу необично. Иако пејачката продолжила да снима песни и албуми, по таа 2001 година, ниту една од песните не успеа да ја надмине популарноста на „Иванови корита“.

фото: Novak Djurović/NEMANJA NIKOLIĆ/printscreen RTS

To top