Еден од најдобрите словенечки фудбалери во историјата, Марко Елснер, почина на 6о. годишнаа возраст, објави „Дело“. За време на неговата кариера, Елснер играше и за Црвена ѕвезда и тоа со голем успех.
Марко почина како резултат на сериозна болест, а пред само еден месец го прослави шеесеттиот роденден. За време на неговата кариера, тој исто така одигра 14 натпревари за репрезентацијата на бивша Југославија.
Тој порасна играјќи за Слован, пред да се пресели во љубљанска Олимпија,чиј тренер во тоа време беше неговиот татко Бранко. Тој пристигна на Маракана во 1983 година и остана четири сезони пред да замине за Франција во тимот на Ница.
Се помни дека генерацијата на Ѕвезда, во која играше и Елзнер, го победи Реал Мадрид со 4: 2 во март 1987 година во првиот натпревар од четвртфиналето на Европскиот куп на шампиони.
Тој исто така беше во југословенскиот репрезентативен фудбалски тим за Олимписките игри во 1984 година, а со Ѕвезда, ја освои титулата државен шампион и еден Куп во црвено-белиот дрес.