Љупчо Тодоровски – Упа е роден во Скопје на 02.05.1956 година. Тој беше актер и кастинг директор. Занимавањето со глума го доживувал како фрлање зрак светлина во туѓите животи. Тој е еден е од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапува во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, воден од творечкиот немир, предизвикот на големиот град и можност за почесто играње на филм, заминува за Белград, каде останува 10 години… Го „пече“ занаетот крај искусни и водечки југословенски актери настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 год. покрај актерството, се бави со филмска и ТВ продукција, пишување на сценарија и избор на актери…
Мегафон
тажна вест