Американскиот саксофонист Вејн Шортер, автор на некој од најслушаните џез композиции, почина во четврток на 89 години, објавија весниците „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“.
Неговата издавачка Алиша Кингсли ја потврди смртта на легендарниот музичар.
Со кариера долга неколку децении, Шортер е пионер во многу џез жанрови, како би-бап, џез-фјужн и други.
Соработуваше со многу музичари од различни жанрови, а познато е неговото партнерство со Џони Мичел, на чијшто 10 албуми свиреше. Работел и со Сантана и Стили Дан.
Автор е на некои од најпознатите песни на квинтетот како што се „E.S.P.“ и „Nefertiti“. Дејвис го нарече „личноста од идеи во бендот, концептуализатор на низа музички идеи кои ги спроведовме и кој сфати дека слободата во музиката и способноста за препознавање на правилата за да би можело да бидат заобиколени“.
Шортер има освоено 11 Греми награди, како и Греми за животно дело.