Мегафон тажна вест

Почина легендарната македонска радио и ТВ спикерка Бранка Станковска

Почина легендарната македонска радио и ТВ спикерка Бранка Станковска

Бранка Станковска, легендарната радио и тв спикерка и водителка, почина вчера во Скопје на 90 годишна возраст, потврди семејството.

Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го помина во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна, на 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“.

Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри.

To top