Во 82-та година од животот, во својот дом во Милано, по долго боледување почина италијанската пејачка Марија Илва Бокати, позната како Милва. Таа беше позната по многубројните италијански хитови, меѓу кои и песната „Бела, чао“.
Бела чао (Bella chao), „Збогум убавице“, е италијанска партизанска песна која потекнува од времето на италијанската граѓанска војна.
Милва беше најпопуларна во 60-тите и 70-тите години, а особено беше впечатлива по својата црвена коса.
Таа беше популарно и надвор од Италија, особено во Латинска Америка, Шпанија, во Франција каде ја споредуваа со Едит Пјаф, како и во Германија.
Во 2010 го издаде својот последен албум.
Прекарот и беше Ла Роса, а неодамна се вакцинираше против ковид 19, апелирајќи до целата нација да се вакцинира за заедно да го победат вирусот.