Мегафон тажна вест

Почина фолк пејачoт Бора Дрљача

Почина фолк пејачoт Бора Дрљача

Фолк пејачот Бора Дрљача по тешко боледување почина на 79 години.

Борислав Боро Дрљача е пејач на народната музика кој е роден на 29 август 1941 година.

Како што пренесуваат српските медиуми пејачот починал во својот дом.

Во последните неколку месеци тој неколку пати бил хоспитализиран.

Во јуни годинава пејачот бил примен во болницата на хируршкиот оддел за онкологија при Клиничкиот центар на Србија за третман на меланом на кожата. Тогаш бил опериран и му бил отстранет меланомот, како и жлездите што биле околу него.

Во ноември 2019 година имал операција на дебелото црево, а потоа следеле уште неколку операции.

Бора беше еден од најпопуларните пејачи. Тој стекна статус на истакнат уметник и доб награда за животно дело.  Зад себе остава околу 400 песни, продавајќи над пет милиони плочи и касети низ годините.

To top