Британската актерка Онор Блекмен која глумеше во филмот Џејмс Бонд почина на 94 години.
„Освен тоа што беше обожавана мајка и баба, Онор беше актерка со голем талент во комбинација со убавина, памет и физички вештини“ пишува во дел од изјавата.
Во изјавата исто така пипшува дека таа постигнала статус на икона во светот на филмот.

Нејзиното семејство соопшти дека таа починала мирно од природна смрт, дома во Луес, Источен Сасекс.
Таа беше позната по улогата на Пуси Галор во филмот на Џејмс Бонд „Голдфингер“. Блекман беше позната и по тоа што ја играше Кети Гејл во ТВ-серијата „Одмаздници“ од 1960-тите години.