Мегафон регионот во тага

Почина Џеј Рамадановски

Почина Џеј Рамадановски

Познатиот пејач Џеј Рамадановски (55) почина денес (06.12.2020) во неговиот дом во Белград, пишуваат српските медиуми.

Пејачот починал како последица од срцев удар.

Џеј неодамна во своето последно интервју изјави дека е во строг карантин  и дека коронавирусот може да биде фатална за неговото здравје.

Како што изјави, најмногу се плашел од корона, па затоа не излегувал од дома.

Медиумите  јавуваат дека во неговиот дом пристигнала екипа на Итна помош во обид да го реанимира пејачот, но не успеале во борбата за неговиот живот.

-Одам кон Дорчол, ми се јавија и ми кажаа дека не можат да го разбудат. Сигурно починал, беше во многу лоша здравствена состојба, но не станува збор за коронавирус, изјавил кусо неговиот менаџер за Мондо.рс.

Џеј Рамадановски е роден во Белград на 26 мај 1964 година.

Зад себе остави две ќерки, Ана и Марија.

To top