Мегафон тажна вест

Почина Бане Ковачевиќ, бивш рапер и член на групата „187“ која со Тамара Тодевска го имаше хитот „Секс“

Почина Бане Ковачевиќ, бивш рапер и член на групата „187“ која со Тамара Тодевска го имаше хитот „Секс“

Бане Ковачевиќ, некогашен рапер и член на групата „187“ почина во Белград.

За неговиот приватен живот многу малку се знае. Во август објавил фотографија од Клиничкиот центар во Белград, а јавноста не била ниту запознаена дека раперот боледува од тешка болест.

„Борбата е завршена, излегов како победник“, порачал тој тогаш, а под фотографијата се нижеле честитики и зборови со поддршка.

Од некогашниот рапер пријателите и членови на семејството се простуваат по пат на социјалните мрежи. Како што наведува неговиот пријател и рапер Небојша Миниќ Хеле, Бане не ја издржал операцијата на срцето.

„За жал информацијата е точна. Имаше ноќва операција на срцето, но тоа не можеше да издржи. Се’ се случи околу 10 часот навечер“, изјавил тој.

Бане Ковачевиќ е роден 10. ноември 1978, а почина на 41 година. Беше член на групата „187“ од нејзиното основање во деведесетите години, заедно со Марко Јанковиќ и Пеѓа Радисављевиќ.

Тие станаа познати и кај нас откако заедно со нашата Тамара Тодевска ја снимија песната „Секс“ која имаше многу провокативен текст и видео за она време, а стана голем хит во регионот.

Тој беше во врска и со една од најубавите пејачки на српската естрада, Кеснија Пајчин, која трагично го загуби животот. Нејзиното тогашно момче Филип Каписода ја уби со пиштол, а потоа се самоуби. Бане тогаш и ја посвети песната „Ја бих пошао за њом“.

To top