Познатиот менаџер на урбан скопски лик, Милорад Цајиќ – Цајо вчеравечер, 10-ти април 2023 година, на социјалните мрежи објави последен поздрав за скопската легенда и сопственик на брендот Мак Џинс, Александар Маџаровски, во скопските кригови познт како Аце – „Макџинс“, кој ненадејно не напушти во попладневните часови на вчерашниот ден.
„Последен поздрав до скопската легенда, сопственик на еден од најдобрите бутици во Скопје „Мак Џинс“, творец на македонскиот бренд на фармерки „Мак Џинс“. Човек кој во секое време знаеше да се постави како помагател, пријател, другар и родител. Почивај во мир Аце Мак Џинс, скопска легендо и еден творците на македонската модна сцена, напиша менаџерот Цајо на социјалните мрежи“.
Аце – Макџинс беше вистинска скопска урбана легенда. Еден од творците на модата и модните трендови кај нас заедно со Васе – „Лонѕа“ и Мио Ристиќ, човек кој ги создаде едни од првите домашни џинс брендови во Македонија. При тоа, другар, пријател, кој секогаш помагал и излегувал во пресрет и како спонзор и како човек. Тесно беше врзан со естрадата и естрадните збиднувања, несебично помагајќи ги неретко и финансиски, но најчесто со своите модни креации и парчиња облека ѕвездите од македонската музичка сцена. Неговите модни ревии и естрадно-модни манифестации исто така се паметат, на кои учествувале голем број подоцна познати македонски мисици, манекенки и модели. „Мак Џинс“ со години наназад произведуваше фармерки, тексас јакни, кошули, тренерки… со висок квалитет. Пред речиси една деценија компанијата започна да ги освојува и пазарите надвор од земјава.
Аце беше еден од оние кои имаа слух за урбаниот стил, за новите трендови, за она што доаѓа од светот, па како еден не само од модните пионери туку и луѓе кои беа инволвирани во естрадните трендови знаеше и музичките да ги донесе во Македонија, а при тоа да помогне некои наши имиња да излезат навор од македонските граници.
Така на пример, беше првиот човек кој Тамара Тодевска ја прослави надвор од Македонија кога на самиот почеток на новиот милениум застана зад нејзината заедничка соработка со тогаш мошне популарното белградско поп-рап дуо „187“ кое заедно со Тамара ја сними песната „Секс“, која преку ноќ стана голем урбан хит во целиот регион. Македонската промоиција се случи на култната манифестација „12 Величествени“ каде Тамара и „187“ заедно со балетска придружба ја изведоа песната во преполната „Универзална сала“ и директниот ТВ пренос на МТВ, што предизвика вистинска бура и невидена еуфорија (ВИДЕО-КЛИКНИ ТУКА):
Пејачката го имаше како втор татко, па со такви зборови и се прости од него…
Од Аце – Макџинс на социјалните мрежи се простуваат и многумина други негови познаници, пријатели, другари, соработници, меѓу кои многу и од познатите скопски естрадни и урбани ликови.