Актерот од култниот филм „Титаник“, кој сите го паметиме по една од најтрогателните сцени, почина по тешко боледување.
Според неговото семејство, актерот починал од рак на белите дробови.
Лу Палтер (94) беше најпознат по трогателната сцена каде старец и старица, кои знаат дека нема да можат да избегаат од Титаник што тоне, се гушкаат на креветот додека водата навлегува во кабините на бродот.
Инаку, сцената е инспирирана од вистински пар патници на „Титаник“, а од необична игра на судбината, двајцата старци биле предци на сопругата на сопственикот на подморницата „Титан“, Стоктон Раш. Погледнете ја сцената каде се појави Палтер.
Фото: Принтскрин/Јутјуб