Радио Милева

Почина актерот Лук Пери: Светот се збогува од Дилан од „Беверли Хилс“

Почина актерот Лук Пери: Светот се збогува од Дилан од „Беверли Хилс“

Американскиот актер Лук Пери почина вчера (понеделник) на 52-годшина возраст.

Беше најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс 90210“.

Пери беше хоспитализиран пред три денови поради мозочен удар, но

не успеал да се справи со последиците од мозочниот удар кој го доживеал пред неколку денови. Покрај него биле неговата вереница Венди Медисон Бауер,, неговите деца и роднин, како и неговата мајка.

Актерот имаше две деца, 21 годишниот Џек и 18 годишната Софи.

Тој ќе биде запомнет како Дилан, улогата која ја играше цело 10 сезони во деведесетите и која му донесе огромна слава. Негов последен ангажман беше популарниот серијал Ривердејл во продукција на Нетфликс.

To top