Мегафон тажна вест

Тага: Почина Аки Рахимовски

Тага: Почина Аки Рахимовски

Пејачот на култната рок група „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски почина денес на 67 години, потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки.

-Му се слоши утринава и заврши во болница. По еден час ми се јавија дека починач. Се уште не ги знаеме причините, изјави Осредечки.

На официјалниот фејсбук профил на групата „Парни Ваљак“  се простија од Аки.

– Драги пријатели со голема тага во срцето ве известуваме дека денес 22.01.2022 засекогаш заспа Аки Рахимовски.

Рахимовски беше најпознат по ангажманот во рок составот од Загреб “Парни ваљак”.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

фото: Sinisa Hancic/PIXSELL

To top