Мегафон

Почина африканската музичка легенда Мори Канте

Почина африканската музичка легенда Мори Канте

Гвинејскиот пејач и музичар, Мори Канте, планетарно познат по песната „Yeke Yeke“, почина вчера, на 70-годишна возраст во болница во Конакри, потврди неговиот син Бала Канте .

Тој придонесе во зголемување на популарноста на африканската и гвинејската музика во светот, а неговиот хит „Yeke Yeke”, беше издаден во 1987 година и за кратко време беше продаден во неколку милиони примероци и се искачи на врвот на музичките топ-листи во многу земји.

Мори Канте беше назначен и за амбасадор на добра волја на ОН за храна и земјоделство (ФАО) во 2001 година и беше еден од неколкуте африкански музичари што ја сними песната „Africa Stop Ebola“ во 2014 година за подигање на свеста за епидемијата на хеморагичната треска, а приходот од песната беше дониран на меѓународната организација „Лекари без граници“.

Инаку, неговиот голем хит „Yeke Yeke“, во превод на македонски значи „Еј, еј“.

To top