Двократниот победник на ријалити шоуто „Парови“, Ненад Маринковиќ –Гастоз, ќе се проба во индустријата за возрасни.
По повеќегодишните подготовки Маринковиќ овој месец септември конечно ќе сними филм од оваа категорија за +18.
-Две години таа идеја беше во план и сега конечно дојде време да се реализира и да почнам со снимање на својот прв порно, вели гастоз за „Хит информер“ и открива која е неговата улога:
-Јас сум продуцент. Главната улога ќе ја има девојка од Словенија и уште еден наш лик, вели победникот на последната сезона на „Парови“ кој таму го запознал соработникот со кого ќе влезе во оваа работа.
-Долго ни требаше за да најдеме глумци, да обезбедиме се што треба, а сега приказната се заокружи. Имаме наша продукција, сајтот наскоро ќе биде завршен и од септември почнуваме, завршува Газтоз.