Оркестарот Калуш победи на овогодинешната Евровизија во Торино, а фронтменот на популарниот бенд е фотографиран како се бакнува со својата девојка на разделбата, по што, како што објавија странските медиуми, се приклучил на првата линија на фронтот во актуелната војна во Украина.
Олег Псиук, фронтменот на фолк-рап групата, вчера е фотографиран пред својот хотел во Торино, Италија, со својата девојка Александра додека одел да ја брани Украина во војната против Русија.
„Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа и се обрати на јавноста по победата на Украина на „Евровизија“ и рече дека престижниот музички натпревар следната година ќе се одржи во Мариупол, иако овој град во моментов е под опсада на руските сили, пишува „Мејлонлајн“.