Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Амар Гиле откри дека му се допаѓа неговата колешка Милица Тодоровиќ и дека сака да му биде девојка.
„Милица Тодоровиќ е многу убава жена. Немам ништо против да ми биде девојка, ми се допаѓа како изгледа и како се однесува“, вели пејачот.
Тој вели дека со Тодоровиќ би сакал да има и професионална соработка, па тоа би било идеална прилика да го освои.
„Имам успешни дуети, но следниот би сакал да биде со Милица. Ќе биде полн погодок ако нашите гласови се вкрстат. Сигурен сум дека тоа би било хит, но тогаш ќе се обидам да ја освојам. Но, мислам дека не сум нејзин тип на маж, но ништо не губам“, вели Амар Гиле.
Инаку, Милица последен пат беше во неколку месечна врска со актерот Петар Стругар.
Дали, Амар Гиле ќе ја освои Тодоровиќ останува да видиме.
фото: ата имиџис/принтскрин/инстаграм