Победникот од петтата сезона на реалното шоу наводно е во преговори со продукцијата и е на прагот да потпише договор.
Како што изјави извор близок до продукцијата, Драгојевиќ ќе влезе во Задруга како гостин и нема да може да се бори за главната награда, но скапо ќе го наплати престојот во Белата куќа.
– Откако Александра влезе во Задруга 6, Дејан постојано го следи реалното шоу како и нејзиното однесување со другите членови во Задруга. Иако однадвор ја поддржува и го брани секој нејзин непромислен потег, сè потешко е да гледа како неговата девојка поминува низ тешки времиња. Жестоките кавги и прозивките со Кристијан Голубовиќ на самиот влез силно го погодија, а последните денови нејзините конфликти со Миљан и Билал го натераа повторно да размислува за влез – изјавил изворот за „Ало“ и додал дека Дејан е во преговори со продукцијата да влезе што поскоро во Задруга.
– Доколку повторно реши да се всели во „Белата куќа“, Дејан би можел да биде побогат за 50.000 евра. Неговиот престој би бил временски ограничен и нема да може да се натпреварува со другите цимери за главната награда. Од една страна се двоуми за влез бидејќи чувствува голем товар бидејќи беше целосно психички исцрпен во претходната сезона. Од друга страна, тешко му е да ја гледа Александра како плаче секој ден – вели изворот и додава дека само желбата да и помогне на Александра го мотивира да размисли за понудата.
– Иако веруваше дека Александра сама ќе може да истрае, реалноста е поинаква. Алекс е почувствителна кога е сама и тешко ѝ е кога сите ја напаѓаат. Пред да влезе во Задруга, Дејан ја советувал да не се задолжува никому во расправија и никогаш да не дозволува задругарите да ја навредуваат. На Александра тоа не и успева и во прашање се денови кога ќе дојде Дејан да ја спаси – рекол на крајот изворот.
Фото:Принтскрин/А.Ј. Циле/Ана Паунковиќ/Н.Костиќ