Радио Милева

По жестоките модни критики, Сергеј Варошлија со пофални зборови до Бојана Скендеровски (видео)

По жестоките модни критики, Сергеј Варошлија со пофални зборови до Бојана Скендеровски (видео)

Македонскиот моден критичар, Сергеј Варошлија во својата емисија „Мода“  често  ги коментира луѓето од јавната сцена без разлика дали се актери, пејачи, пејачки, водители, политичари, манекенки….

Некои знае да ги пофали за добрите модни комбинации, а некои знае да ги искритикува користејќи разни фрази и епитети.

Во неколку емисии се најде и македонската водителка на добро познатата емисија „Улица Македонија“, Бојана Скенедеровски за која Варошлија имаше само негативни коментари, а за повеќе може да прочитате тука.

foto: facebook

По неколку негови критики и коментирања во емисијата, Скендеровски се огласи на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека ќе поднесе тужба кон имепријата на 1ТВ.

Меѓутоа, модниот критичар не престана да ја коментира водителката, па така овој пат наместо критика и упати неколку пофални зборови.

foto: Printscreen/youtube

Имено, во едно од последните изданија на „Мода“, Сергеј истакна Скендеровски се подобрила.

„Морам да ви кажам дека изгледа подобро. Не знам на што се должи, дали јас сум виновникот, дали мојата критика допрела до нејзината глава. Меѓутоа, изгледа многу пофино, многу помеко. Веѓите не и е се толку агресивни, шминката ни е толку агресивна, устата и е убаво нацртана. Целите контури на лицето се многу посуптилни“ вели Варошлија.

foto: facebook

Тој истакна дека Бојана изгледа „океј“ и дека така треба.

Кога станува збор за модните критики и совети, водителката Јелена Спенџарска беше една од ретките која го послуша Сергеј, па почна да ги применува стиловите кои тој ја советуваше.

За потсетвуање, Бојана неодамна на својот профил објави фотографија на која го држи својот труднички стомак и се пофали дека повторно ќе стане  мајка.

foto: facebook

Емисијата во која Варошлија ја фали Скендеровски погледнете ја во продолжение.

To top