Петтата сеозна на македонскиот ситком „Преспав“ започна да се емитува на 18 декември, крајот од минатата 2020 година.
Погледнавме 20 незаборавни и урнебесни епизоди од незгодите во пансионот „Преспав“, а имавме прилика и да видиме нови улоги и актери, како што е стилистката Натали или актерката Наташа Петровиќ, но се врати и актерот Владо Јовановски. Потоа, како актерка гостинка се проба и пејачката Сара Мејс, а како репортерка манекенката Катарина Ивановска.
View this post on Instagram
Исто така доста впечатлива беше и улогата на актерката Драгана Левенска во епизодата „Отворен брак“.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/eve-koja-e-privatno-blagorodna-gostinkata-shto-go-zapali-kosta-vo-prespav-so-svojot-telesen-raskosh-i-otvoreniot-brak-foto-video/
Со последната 20-та епизода заврши и петтата сезона која се прикажуваше на првиот канал на Македонската телевизија, а пак по крајот, оваа нова и последна сезона се репризира на истата фреквенција.
Очекувано и логично се наметна прашањето од бројната публика дали ќе има продолжение и ќе се снима наредна шеста сезона. Одговорот на ова прашање за српски „Блиц“ го даде Тијана Дапчевиќ или Германката и газдарица Ула.
View this post on Instagram
-Од септември ќе започне шеста сезона, а петта ќе се репризира до декември. Продукциската куќа од Бугарија дојде на идеја да откупи четири сезони, сега и петта, па се емитува таму и во БиХ, многу ја сакаат, многу е популарна. Во Србија не стигна, никој нема слух за неа, открива Тијана.
За потсетување, преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петтата сезона имаа незгода, односно пансионот се запали.
View this post on Instagram
Дали ќе успеат да го спасат или ќе изградат нов, оставуваат прашалници за наредните нови епизоди.