Познатата балканска старлета која беше учесничка во реалното шоу „Големиот брат“, Сораја Вучелиќ за српски Информер ги откри своите впечатоци по завршување на натпреварот помеѓу Србија и Бразил.
„Морам да бидам искрена, не го следев натпреварот помеѓу Србија и Бразил, не следам баш фудбал. Јас сум дама пред се, не сум навивач. Не би сакала да ги коментирам фудбалерите, за мене постои само еден маж на целиот свет, а тоа е мојот партнер. Нормално, секогаш со цело мое срце навивам за Србија, изјавала Сораја.
Ако се навратиме неколку години наназад, ќе се присетиме и на оние објави во светските и регионалните медиумите каде на големо се пишуваше за бразилскиот АС Нејмар и балканската старлета.
Така што оттука останува нејасно на кој маж мисли Сораја со својата изјава за српскиот портал.