Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска ужива во љубовта со нејзиниот партнер, бизнисменот Бојан Најдоски.
Тие секогаш кога имаат прилика и кога им дозволуваат обврските знаат да отпатуваат на некое заедничко патување.
За новогодишните празници, парот замина во преубавата Москва, Русија, а Бојан ја запроси Елена.
Стефановска на својот „Инстаграм“ објави фотографија од свршеничкиот престен, а во описот напиша: „Кажав да“.
Елена и Бојан во нивниот дом организираа мала прослава со најблиските, па водителката откри и кога ќе биде свадбата.
-Ова лето ќе ми бидеш сопруг, напиша водителката покрај објавата.
View this post on Instagram
Под објавата се нижеа честитки од нејзините пријатели, следбеници, а како ќе изгледа Стефановска како невеста останува да видиме.