Радио Милева

По заминувањето од кралското семејство, се огласи и тој: „Сакам вистината да ја слушнете од мене, не од војводата, не од принцот, туку од Хари“

По заминувањето од кралското семејство,  се огласи и тој: „Сакам вистината да ја слушнете од мене, не од војводата, не од принцот, туку од Хари“

Принцот Хари одржа говор истакнувајќи дека чувствува голема тага бидејќи нема повеќе да биде дел од кралското семејство.

„Одлуката која ја донесовме не беше ни најмалку лесна. По неколку месечни разговори и многу предизвици, знам дека не се’ беше како треба, но немав друг избор“ изјави Хари.

Хари тврди дека не заминува од кралското семејство туку дека повеќе нема да служи.

„Велика Британија е мој дом и место кое го сакам. Тоа никогаш нема да се промени. Кога Меган и јас се венчавме, бевме возбудени, полни со надеж, тука бевме да служиме. Не се менувам јас. Се надевам дека ме разбирате поради што морав да отстапам од семејството, од се што ми е познато, да направам чекор понатаму за помирен живот. Сакам од мене да ја слушнете вистината, не од војводата, принцот, туку од Хари“ изјави војводата од Сасекс и додава:

фото: Профимемедиа

„Ни беше задоволство да ве служиме и така ќе продолжиме. Секогаш искрено ќе ја почитувам мојата баба, мојот главен командант, и многу сум благодарен на неа и на семејството кое ме поддржаа мене и Меган. Ќе продолжам да бидам добар човек кој ја сака својата држава и ќе бидам посветен на добрите цели“.

„Страв ни е, но ви благодариме што ни давате сила да го направиме следниот чекор. Пораснав со голема поддршка и ве гледав како ја пречекувате Меган со раширени раце. Конечно се ослободивте од вториот син на Дијана, урааа. Кога пред 23 години ја изгубив својата мајка вие ме земавте под заштита“ изјави Хари пред присутните.

фото: Профимедиа

За потсетување, Меган и Хари пред неколку донесоа одлука да се повлечат од кралските должности, а оваа нивна одлука беше поддржана и од кралицата Елизабета

To top