Радио Милева

По загубата на сопругот и братот Селин Дион си најде љубовен лек за рана

По загубата на сопругот и братот Селин Дион си најде љубовен лек за рана

Селин Дион (50) пред две години го изгуби сопругот Рене Анжели почина, но сега очигледно повторно ја пронајде својата среќа.

Наводно, нејзината нова љубов е Расел Кроу, што многумина ги изненади, пренесува „Hollywood Life“.

“Се гледаат многу често веќе неколку недели, иако нивната врска е на почеток, исто како да се познаваат со години”, вели извор близок до пејачката и глумецот.

Расел имено неодамна се разведе од сопругата Даниел Спенсер и тоа беше мачен период за него. Ниту пејачката, ниту глумецот сè уште не го коментирале својот однос.

Да се потсетиме, пејачката го загуби сопругот поради борбата со рак на 73 години, а само два дена подоцна почина и нејзиниот брат на 59 годишна возраст.

Останати вести од Радио Милева