Радио Милева Продолжуваат затворските денови

По вторпат продолжен притворот на Раста за дополнителни 30 дена

По вторпат продолжен притворот на Раста за дополнителни 30 дена

Судот во Белград го продолжи притворот за пејачот Стефан Ѓуриќ Раста и Б.Л. за уште 30 дена, на кои им беа пронајдени наркотици на почетокот на октомври кога беа уапсени.

Нивниот притвор беше продолжен поради постоење на посебни околности што укажуваат на тоа дека тие можат да го повторат делото за краток временски период, прецизира портпаролот на судот, Татјана Тешиќ.

Тие имаат право на жалба во рок од три дена.

Против Ѓуриќ и Б.Л. Вишото обвинителство во Белград спроведува истрага поради сомнение дека сториле кривично дело – недозволено производство и пуштање во промет наркотични средства, за што се заканува казна од три до 12 години затвор.

Истрагата е во завршна фаза и се очекува да заврши откако ДНК вештачењето ќе стигне до обвинителството, а потоа ќе следи одлуката за обвинението. На рочиштето во обвинителството, Раста се бранеше дека пронајдениот сканк го користел за своја употреба, но обвинителството не му веруваше.

To top