Радио Милева приказни од зад сцената

По враќањето на сцената во корона годината, македонската пејачка Јова со секси фотосесија ги сумираше впечатоците за 2020-та: „Биди сама своја среќа!“ (ФОТО+ВИДЕО)

По враќањето на сцената во корона годината, македонската пејачка Јова со секси фотосесија ги сумираше впечатоците за 2020-та: „Биди сама своја среќа!“ (ФОТО+ВИДЕО)

Некогаш Јованка Житарова, сега во естрадниот свет позната само како Јова. По паузата од повеќе од една деценија и разводот, во годината на коронапандемијата пејачката се врати… И во  Македонија и на естрадната сцена. Овој пат кариерата реши да ја продолжи во малку поинаков стил. И самата тотално видоизменета кога се работи за физичкиот изглед, но и кога е нејзината музика во прашање. Јованка сега стана Јова,  чии песни  повеќе не се  „чист фолк“, туку повеќе поп со етно елементи.  По сите трансформации, пејачката денес оправдано го носи епитетот една од најубавите жени на домашната јавна сцена, која плени со убавина искомбинирана со елеганција и софистицирност.

Јова годината на своето враќање и покрај сите недаќи низ кои светот минува, ја сумираше со секси фотосесијата која таа предновогодишно ја подготви за своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи. Пејачката истакнувајќи ја сета своја софистицираност и еротска елеганција позираше пред фотообјективот на Бојан Стоилковски, додека а задолжен за целокупниот стајлинг на сесијата беше Зоран Шурбевски.

На крајот од  позирање пејачката застана и пред камера на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, каде откри по што ќе ја памети годината која што полека изминува.

„Никогаш не е предоцна да почнете од почеток. Да стиснете пауза. Да вдишете и издишете. Потоа, да почнете одново.
Не морате да се губите себеси во хаосот, да ги прифаќате работите такви какви што се, мислејќи дека тоа е тоа што го заслужувате. Не морате да ги чувате своите тага и бес во себе, мислејќи дека никогаш нема да побегнете од нив. Вие сте повеќе од тоа. Вие имате сила во себе за поголеми и поубави нешта, само треба да бидете храбри.
Нова 2021 за нови почетоци“! – напиша Јова на својот Инстаграм во пресрет на новата 2021 година.

А,  2020-та, годината која го запре светот и на сите животот им го преврте наопаку,  неа и го почна на некој начин од почеток. И оној приватниот, како жена и мајка на две прекрасни дечиња, ќеркичката Зои и синчето Картер, но и оној професионалниот, како естраден уметник, музичка ѕвезда која продолжува да блеска онаму каде што „привремено исчезна“ од естрадното небо пред  десеттина години. Затоа, 2020 Јова ќе ја заокружи со пораката која таа ја пренесе и преку повратничката песна, насловена: „Биди сама своја среќа!“

Дали и самата тоа е, дознајте од разговорот со Јова во „магазинот од зад сцената“:

To top