Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ имавме прилика да гледаме неколку македонски кандидати, а меѓу нив и Огнен Здравкоски.
Огнен во последната сезона на музичкото шоу беше под менторство на Марија Шерифовиќ, а заедно со неа работеа на неговите претставувања на сцената на „Гранд“.
Здравкоски успеа да стигне до финалето, но не успеа да ја освои победата.
Во музичкото шоу тој често добиваше пофалби од жирито, а важеше и за еден од фавортите.
Шерифовиќ во една прилика истакна дека тој е супер момче и дека е нејзин омилен кандидат.
„Од моите машки кандидати Огнен најмногу ми се допаѓа. Може се и сешто да пее, широк му е опусот. Неговата боја на гласот ми е далеку, далеку, далеку најдобра“ истакна Марија“.
По завршувањето на музичкото шоу, Огнен се посвети на неколку настапи во Македонија, а публиката имаше прилика да се дружи со него во текот на летото.
Меѓутоа, деновиве дојде денот за кој Огнен сонувал од мал односно да ги пее песните на неговиот дедо.
„Горд и пресреќн сум што дојде денот што го сонував уште од мал. Да ги отпеам песните од мојот дедо Наско Џорлев. За брзо очекувајте многу нови и убави нешта заедно во соработка со мојот вујко Зоран Џорлев“ напиша Здравкоски.
https://www.facebook.com/dzorlev/videos/10217723372868349/
Инаку, Огенен е внук на легендата на македонската фолклорна музика Наско Џорлев, син на неговата ќерка, пејачката Софче и внук на вујко му, маестро Зоран Џорлев!