По вчерашната сообраќана несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово кај Карпалак, Владата на премиерот Зоран Заев прогласи дводневна жалост. Во тој контекст се откажани или поместени и сите спортски, забавни и културни активности, концерти, фестивали и манифестации што претстојниве денови требаше да се одржат, меѓу кои и концертот на српскиот пејач Жељко Самарџиќ, кој е презакажан за 23-ти февруари.
Во меѓувреме се огласи и самиот Жељко на социјалните мрежи со пост и видео на својот Инстаграм профил, во кое искажува големо жалење до семејствата на починатите за огромната загуба и изразува сочувство до нив, молејќи го Бога да им даде сила на семејствата на сите настрадани за да минат низ оваој кошмар.
Еве го неговото видеообраќање:
View this post on Instagram