Ксенија Пајчин на 16 март 2010 година, беше убиена во нејзиниот стан од нејзиното тогашно момче, Филип Каписода, кој потоа изврши самоубиство.
Починатата пејачка би наполнила 42 години на 3 декември, а сега се откриваат некои детали за кои малкумина знаат.
Лилјана Станишиќ зборуваше за помирување на семејствата Пајчин и Каписода, но тоа и дека мајката на пејачката до ден денес не разговарала со таткото на манекенот која и го одзема животот на ќерка и, а потоа и својот.
„Не може да се каже дека тие имаат којзнае какви релации. Омразата некако како да стивна, како да прекина во моментот кога вујкото на Ксенија, Никола, се слушнал и видел со таткото на Филип. Мајката на Ксенија и семејството на Филип сè уште не контактираат, барем според моите сознанија. Двете семејства се завиткани во црно, страшна трагедија ги погоди, иако ниту едно од семејствата не е виновно за тоа што им се случи. Главните актери веќе ја платија цената“ – рече Станишиќ во емисијата Премиера – „Специјал викенд“.
Фото: Зорана Јевтиќ/ Јутјуб принтскрин