Поранешниот учесник на реалното шоу „Задруга“ Јовица Путниковиќ како што веќе информиравме, доживеал тешка сообраќајна несреќа, откако паднал од својот мотор. Лекарите се борат за неговиот живот, а колегите од „Здаруга“ се молат за неговото подобрување на здравје. Инаку, неговата девојка Маја која е учесник во тековната сезона на „Задруга 4“,токму тој ја придружуваше до портата при влезот во Белата куќа.
Откако беше болнички згрижен, сестрата на Јовица се јави и откри дека неговата здравствена состојба не е најдобра и дека има тешки ортопедски повреди.
По индуцираната кома и неколку тешки операции во текот на ноќта, тој се разбудил и сега е во свесна состојба.
Неговата пријателка, Јелена Круниќ, исто така се распраша за состојбата на колегата од „Задруга“ и ги информираше своите следбеници за тоа, на нејзиниот Инстаграм:
– Му благодарам на драгиот Бог што си жив и подобар, брате мој. И благодарам на мојата пријателка од Ургентнот центар што ме извести за три минути како си и која е целата вистина. Ти благодарам душо моја С. – напиша Јелена.