Радио Милева

По тешката сообраќајка се огласија и соседите на Дарко Лазиќ: „Не е првпат да вози толку брзо“

По тешката сообраќајка се огласија и соседите на Дарко Лазиќ: „Не е првпат да вози толку брзо“

Српскиот пејач Дарко Лазиќ вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа и итно е пренесен во болница.

Лазиќ излетал од патот, а неговиот автомобил се превртел неколку пати. Здравстевната состојба му е стабилизирана, но докторите не даваат прогноза за негово оздравување.

Соседите на Дарко велат дека ова не е првпат како пејачот вози толку брзо.

фото: принтскрин

„Не знам како се случило и каде бил. Неговите родители и свршеницата заминаа во болница и верувам дека се ќе биде како што треба“, вели бабата на пејачот.

Соседите на Дарко во Брестач, каде што има куќа велат дека не се изненадени бидејќи пејачот бил познат по брзо возење.

„Ова не е првпат да вози многу брзо. Не знам зошто вози брзо, дали е автомобил или мотор. Беше во прашање време кога ќе се случи вакво нешто“ вели еден од соседите и додаде:

„Дарко не вози, тој лета“.

Сосетка на пејачот низ солзи изјави:

„Дарко е добро момче. Не знам зошто не се грижи. Требаше да се ожени…Се надевам дека брзо ќе оздрави“, вели сосетката.

Фолк пејачот доживеа сообраќајна несреќа во близина на својот роден крај, а како што пренесуваат медиумите немал возачка дозвола.

Останати вести од Радио Милева