Радио Милева

По теркот на светските ѕвезди: Српската пејачка ги осигура нозете на 200 илјади евра!

По теркот на светските ѕвезди: Српската пејачка ги осигура нозете на 200 илјади евра!

Српската пејачка Миа Борисављевиќ ги осигура нозете во Швајцарија за дури 200.000 евра, пишуваат српските медиуми.

Во случај да и се случи нешто на нозете, осигурителната компанија во Цирих ќе и ’плати вртоглава сума пари.

фото:инсатграм/миа борисављевиќ

– Миа ги следи светските трендови, а во моментов многу познати дами ги осигураат градите, нозете, задникот … Таа верува дека секоја инвестиција во животно осигурување, дури и во одредени делови од телото, е инвестиција во лична безбедност и начин да се заштити од неизвесна иднина. Затоа одлучи да ги осигура своите нозе дури за 200 000 евра – изјави извор близок на пејачката.

фото:инсатграм/миа борисављевиќ

Патем, првата Србинка што го стори ова беше Снежана Бабиќ Снеки:

– Во 2009 година, таа ги осигура нозете за неверојатни милион долари. Пејачката тоа го направи во германија во една од најпознатите светски осигурителни компании. Притоа, таа официјално го заштити својот најсилен адут, кој е долг 125 см.

To top