Жените речиси секогаш водат борба со килограмите трудејќи се да се ослободат од нив и да имаат витка линија.
Токму поради тоа многумина држат разни диети, одат на третмани за слабеење, некои спортуваат, некои прават липосукција, се со цел да изгледаат убаво и витко.
Во последно време се повеќе актуелно е исхраната според советите на нутрционисти.
Многу јавни личности одат кај познати нутриционисти кои им упатуваат важни совети за режимот на исхрана.
На тој начин не само што го губат вишокот на килограми туку исто така се хранат здраво и го подобруваат имунитетот.
Добро познато е дека Јелена Карлеуша, како и нејзините ќерки Атина и Ника, Марија Шерфиовиќ, Ана Бекута, Тијана Дапчевиќ и многу други познати се хранат според препораките и менито на нутриционистите.
За ваков чекор се одлучи и македонската пејачка Анета Молика која најде нутриционист и е подготвена да направи нова промена.
Во кусите приказни на „Инстаграм“ таа сподели со фановите дека веќе нема изговори и дека е подготвена за промени.
Какви ќе бидат резултатите останува да видиме.