Радио Милева

По страшниот документарец, јавноста повторно згрозена од некогашните дела на сега покојниот Мајкл Џексон

По страшниот документарец, јавноста повторно згрозена од некогашните дела на сега покојниот Мајкл Џексон

Мајкл Џексон, кој почина пред речиси 10 години, е обвинет за наводно малтретирање на неговиот миленик, шимпанзото Баблс.

Овие шокантни тврдења дојдоа од приматодологот Џејн  Гудал, која рече дека верува дека поп-кралот го тепал шимпанзото  кое  го посвои во 1980-тите, пишува англискиот таблоид “The Sun”.

“Баблс е сѐ уште жив и убав, но кога живеел со Џексон, бил претепан”, изјави Џејн Гудал во 2014 година.

Дека тој, наводно, го малтретирал шимпанзото, изјави и менаџерот Џек Гордон.

“Го видов Мајкл како тропа Баблс по лицето, го удираше и во стомакот”, рече Гордон во една прилика.

Овие тврдења ги отфрлија од семејството на Џексон.

Баблс сега е 35 години и живее во Флорида.

Инаку, минатата недела јавноста беше згрозена по прикажувањето на документарецот во кој двајца момци признаа дека биле жртви на сексулано насилство од Џексон кога биле малечки.

To top