Тања Савиќ по 15 години на естрада одлучи да направи филм за себе, филм како што направи и газдарицата на „Гранд“, Лепа Брена.
Во филмот, Савиќ ќе ги открие своите тајни, пишува „Србија данас“.
„Тања вредно работи на својот филм кој ќе го заврши на крајот на јули.Планира премиерно да го покаже на промоцијата на својот нов филм, а и преговара со телевизии на кои ќе се емитува. Тања одамна сонува да сними филм како Лепа Брена, а тој сон наскоро ќе и се исполни“ вели извор близок на пејачката и додава:
View this post on Instagram
Jel slušate “Hitnu pomoć”? ? Kakvi su utisci? ❤️❤️❤️ #tanjasavic #ljubav #sreca #radost
„Многу се зборуваше за нејзините семејни проблеми, кавгата со родителите и сопругот Душко. За се тоа, Тања ќе зборува во својот филм и ќе открие зошто се повлече од естрадата. Некои информации ќе ја изненадат јавноста, па поради тоа Тања ги замоли соработниците да потпишат договор дека ќе молчат до емитувањето на филмот“ вели изворот.
Пејачката засега не се огласи по овие пишувања.