Наташа Беквалац снима реално шоу, пишува „Информер“. Поп ѕвездата одлучила да тргне по стапките на Кардашијан и да стане реалити ѕвезда, а во овој проект ќе учестуваат и нејзините сестри, Кристина и Драгана.
„Ната неодамна имаше состанок со продуцентите, за почеток договорија да снимат 12 епизоди со тема „Во чекор со Беквалчеви“. Тоа ќе биде српска верзија на светското реалити „Во чекор со Кардашијанови“ во кое се прославија Ким, Клои, Кортни, Кајли и Кендал. Интересно е што шоуто нема да се емитува на телевизија туку само на Јутуб“ вели изворот и додава:
„Беквалац на почетокот беше скептична бидејќи не сакаше етикета на учесничка во реално шоу. Но, попушти на нејзината внука Зои на која и е потребна медиумско внимание бидејќи е на почетокот на кариерата. И сестрата Кристина веднаш даде зелено светло бидејќи има искуство со реални шоуа.
Најстарата Драгана не сака јавно да се експонира, но поради семејство одлучи да прифати.
Како што вели изворот, Ната имала еден услов.
„Таа бараше да ги нема нејзините ќерки Хана и Катја, а оргинизаторот на реалното шоу прифати. Снимањето треба да започне кон крајот на август“ вели изворот и открива детали од реалното шоу.
„Секоја епизода ќе следи еден ден од семејството Беквалац, а во центарот на вниманието најмногу ќе биде Наташа. Најмногу ќе се снима на нејзиниот имот во Ченеј, а камерите ќе ги следат Беквалац како одат во спа центар, кај фризер, додека снимаат во музичко студио, додека имаат настапи…Ако има огромна гледаност, тие нема да се задржат на 12 епизоди, туку реалното шоу ќе добие и нова сезона во која може ќе се најдат и другите членови на семејството“ вели изворот.
Сестрите Беквалац нема да добијат хонорар, но се надеваат на заработка од Јутуб. Ако имаат многу прегледи тие може да заработат и до 20 000 евра.