Радио Милева

По скандалот за домаќинот на годинешните „Оскари“, на церемонијата за првпат ќе има дури 13 познати водители

По скандалот за домаќинот на годинешните „Оскари“, на церемонијата за првпат ќе има дури 13 познати водители

Американската Академија за филмска наука и уметност денес го соопшти списокот од 13 актери и познати личности кои ќе бидат водители на 91-та церемонија на доделувањето „Оскар“ кое ќе се случи на 24-ти февруари. Во Долби театарот во Лос Анџелес ќе се појават Тина Феј, Вупи Голдберг, Бри Ларсон…

На списопкот се наоѓаат и Даниел Крег, Џенифер Лопез, Крис Еванс, Шарлиз Терон, Теса Томпсон и МАја Рудолф, пишува АП. Овогодишенната церемонија ќе биде одржана без домаќин водител и тоа првпат од 1989 година.

FOTO: PROFIMEDIA

Американскиот комичар Кевин харт се откажа од улогата поради реакцијата на неговите стари хомофобични пораки на Твитер. Последните две години церемонијата ја водеше комичарот Џими Кимел.

FOTO: PROFIMEDIA

Инаку, годинешните фаворити се филмовите „Рома“ и „The favourite“ кои имаат најмногу номинации, дури по десет.

To top