Радио Милева

По скандалот во „ТЛЗП“, познатата српска пејачка му се „залепи“ на Кајмакоски: „Важно е дека се сакаме“ (фото)

По скандалот во „ТЛЗП“, познатата српска пејачка му се „залепи“ на Кајмакоски: „Важно е дека се сакаме“ (фото)

Даниел Кајмакоски овие денови се најде во центарот на внинманието поради една случка во „ТЛЗП“.

Имено, Даниел се подготвувал за својата нова улога на Тејлор Свифт, а за таа прилика ги лакирал ноктите.

Пред фоторепортерите тој ги покажувал своите лакирани нокти, а тие го фотографиле додека рацете ги прави ви положбата на „двоглав орел“, симбол на „Голема Албанија“.

ФОТО: ДАМИР ДЕРВИШАГИЌ/ЕПА/ЛАУРЕНТГИЛИЕРОН

Токму поради оваа фотографија тој се најде речиси во сите српски медиуми кои го навредуваа истакнувајќи дека со тоа ја понижил Србија.

Даниел по овие случувања се огласи на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека е изненаден од се што се случува. Тој објасни дека ги покажувал само своите лакирани нокти, а дека фоторепортерите го фотографирале токму во таа положба.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/po-sluchuvanjata-vo-tlzp-daniel-kajmakoski-so-javno-soopshtenie-ja-obelodeni-vistinata/

Кајмакоски исто така објасни дека не знаел за тој симбол, ниту дека имал намера да ја навреди Србија, државата каде што ја започна својата кариера, ниту пак својтата држава Макеоднија.

Многу негови колеги го подржаа објаснувајќи дека немал лоша намера, додека други му порачаа доколку тоа го направил со немера треба да се посрамоти.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/javnite-lichnosti-od-srpskata-estrada-go-prokomentiraa-skandalot-so-daniel-kajmakoski-vo-tlzp/

Неговата колешка Едита Арадиновиќ која исто така учестува во „ТЛЗП“, застана на страната на Кајмакоски.

Имено, таа на „Инстаграм стори“ објави фотографија на која го прегрнува Кајмакоски и во описот на истата напиша: „Се сакаме, бидејќи ништо друго не е важно“ напиша Едита и го подржа својот колега.

фото: Принтскрин/инстаграмстори/едитаарадиновиќ

Инаку, вечерва е втората емисија на „ТЛЗП“, а во неа Даниел ќе ја имитира Тејлор Свифт.

За потсетување, Даниел победи во последната сезона на „Твоето лице звучи познато“.

To top