Радио Милева

По скандалот се огласи и менаџерот на Огњен Врањеш: Еве што ќе се случи со кариерата на фудбалерот…

По скандалот се огласи и менаџерот на Огњен Врањеш: Еве што ќе се случи со кариерата на фудбалерот…

Откако ги пропушти подготовкките на Андерлехт во Шпанија наводно поради болест, Огњен Врањеш се појави вчера во центарот за тренинг на овој белгиски клуб. Врањеш тренирал со своите соиграчи, како ништо да не се случило.

Менаџерот на Врањеш, Срѓан Јеремиќ, е во Дубаи и им рече на белгиските новинари дека Огњен, најверојатно, ќе остане во редовите на Андерлехт.

– Не сакам да кажам ништо за контроверзиите од претходните месеци, но она што можам да ви кажам е дека Огњен ќе остане во Андерлехт, освен ако има некои изненадувања. Тој има договор до 2022 година, што тој сака да го почитува “, вели Јеремиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ognjen Vranjes (@ognjen_vranjes) on

Потоа, тој ги разгледа понудите од клубовите од Русија и од Блискиот Исток.

– Огњен не сака да оди таму. Исто така, тој не сака да се врати во Грција, каде што играше многу успешно во АЕК. Одлични клубови се заинтересирани за него, но тој сака да му покаже на Андерлехт дека е одличен фудбалер, завршува менаџерот.

To top