Српскиот пејач Дарко Лазиќ оздравува во болница во „Земун“ по тешката сообраќајна несреќа.
Откако е во болница, во медиумите се појавуваат разни написи за Дарко и неговата се уште законска сопруга Ана Севиќ.
Наводно, во некои од српските портали пишуваше дека Лазиќ имал сообраќајна несреќа бидејќи дознал дека Ана се свршила.
Пејачката сношти беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“ и прозбори за несреќата на Дарко и дали навистина се свршила.
„Јас имам врска со сообраќајката бидејќи се мажам? Не знам дали се мажам. Јас за тоа не слушнав. Јас и Дарко никогаш не разговаравме на таа тема. Кога се слушнавме за Лорена и му честитав за свршувачката и тој ми кажа дека не е точно“, вели Ана во емисијата.
Ана истакна дека е во сериозна врска со новото момче Даниел и дека имаат убав однос.
Севиќ објасни дека иако со сопругот не се една година заедно, воопшто не се мислила дали треба да оди во болница.
„Јас се трудам да живеам нормално, што е невозможно ако се затворам дома или ако седам покрај креветот на Дарко. Да можам, се би направила да му помогнам на Дарко. Тоа е негов живот. Во оваа ситуација, јас ниту една секунда не се мислев дека треба да направам нешто како негова законска сопруга. Ова ќе го направам и за 10 години. Тој го знае тоа. Знае дека сме пријатели и знае што имам направено за него. Ако веруваш јас воопшто не се мислев дали треба да бидам таму“, вели Ана.
Севиќ откри дека не ја познава новата девојка на Дарко, но објасни дека е слатка и дека се надева дека тие ќе бидат заедно.